ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Државен натпревар по географија 18 05 2026

Државен натпревар по географија

💫Со огромна гордост и радост објавуваме дека нашиот ученик Михаил Ангелов од 7-мо одд. освои I МЕСТО – ДРЖАВЕН ПРВАК ПО ГЕОГРАФИЈА на Државниот натпревар по географија, одржан на 13.05, во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

🍀Овој извонреден успех претставува круна на неговата посветеност, знаење, труд и љубов кон географијата. Михаил со своето знаење достоинствено го претстави ООУ „Лазо Трповски“ и покажа дека упорноста и талентот водат кон највисоки достигнувања.

Дополнително сме горди и на нашите ученички од 6-одд.:
🔹 Искра Миташевска
🔹 Тамара Милошева
за нивното учество на државниот натпревар.

Сите ученици покажаа знаење, посветеност и достојно го претставија нашето училиште под менторство на Милица Патраклиева.
Благодарност до менторката и родителите за поддршката!

🌍📚 Горди на нашите млади географи!

logo Lazo Trpovski 2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе