ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Успех на меѓународниот натпревар „Performing Arts Festival“ 18 05 2026

Успех на меѓународниот натпревар „Performing Arts Festival“

Со голема радост и гордост сакаме да споделиме дека нашата ученичка Јана Накевски од VI одделение постигна огромен успех на меѓународниот натпревар „Performing Arts Festival“ во Херцег Нови, каде освои две први места 🥇🥇 во категоријата класичен балет. 🩰
Овој успех е резултат на нејзината посветеност, дисциплина, љубов кон балетот и секојдневната работа што ја вложува уште од најрана возраст. Со многу труд, одговорност и искрена страст кон сцената, Јана достојно го претстави своето училиште и нашата држава на еден интернационален фестивал со учесници од повеќе земји.
Нејзиниот успех е инспирација дека со работа, истрајност и верба во себе, секое дете може да ги оствари своите соништа. 🤍
И посакуваме уште многу успеси, аплаузи и блескави сцени во иднина! 🌟

Успех на меѓународниот натпревар „Performing Arts Festival“ 18 05 2026 01 Успех на меѓународниот натпревар „Performing Arts Festival“ 18 05 2026 02

logo Lazo Trpovski 2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе