Фудбалски шампиони во Карпош
„ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СЕ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНИ ВО КАРПОШ 🏆⚽
Основците од ООУ „Лазо Трповски“ се овогодинешни фудбалски шампиони во училишните спортски лиги на Општина Карпош. 🥇 Во последниот натпревар од годишната лига тие одиграа реми 1:1 со своите врсници од ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, но сезоната ја завршија убедливо на првото место на финалната табела, сосема заслужувајќи ја титулата на фудбалски прваци. 🔝 Претседателот на Советот на Општина Карпош Христо Саракинов, им го додели победничкиот пехар на шампионите и медалите на најдобрите учесници и им порача дека Општина Карпош, како институција, секогаш ќе дава огромна поддршка на развојот на спортот и спортските активности, особено на младите генерации. 🤝✨
„Ние како локална самоуправа, секогаш го поддржуваме, а и во иднина ќе даваме поткрепа на развојот и унапредувањето на спортот и спортските активности, бидејќи истите придонесуваат за правилен психофизички раст и развој на нашите основци, а токму нашите млади генерации се темел на нашата здрава иднина. Ви посакувам големи спортски успеси и во иднина да се изградите како професионални спортисти, на национален и меѓународен план“ – истакна Саракинов. 🗣️📈
За најдобар стрелец на овогодишената фудбалска училишна лига беше избран Петар Николовски од „Војдан Чернодрински“, додека за најдобар играч е прогласен Давид Ночевски од „Лазо Трповски“. 🌟 Признанието за најдобар голман отиде кај Михаил Јовановски од „Владо Тасевски“, а за најталентиран играч е прогласен Матеј Златановски од „Аврам Писевски“. 🧤⚽
Традиционално и оваа година, победничките екипи од фудбал, кошарка и одбојка во училишните лиги, како и прогласените најдобри индивидуални спортисти ќе присуствуваат на детски летен камп, од 16-22 Јуни во Каливас, соседна Грција. 🏖️🇬🇷☀️







Поврзани содржини