Податоци за контакт со имател на информации од јавен карактер

Заштита на лични податоци

Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, се уредува заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци.

Основни поими

1. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

2. „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање, пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

Податоци за контакт со имател на информации од јавен карактер
Емилија Ѓореска 📞 Телефон: 02 307 1656

📜Закон за заштита на личните податоци

👉 Прочитај повеќе