🧑‍🚩 Лазо Трповски (Д’мбени, Костурско, 1901 година – Хејбели, Кожанско, 11 Април 1943) — знаменит македонски комунист од Егејска Македонија, еден од организаторите на народно-ослободителната борба на македонското население во Егејска Македонија.

📘 Рани години
Лазо Трповски е роден како прво дете на Насо Трповски, чие семејство дало многу револуционери, активни учесници во револуционерното движење во Егејска Македонија и Грција.

Првата светска војна го затекнала како момче на петнаесетина години. Не е познато кога точно станал активен член на Комунистичката партија на Грција, но често пати го предизвикувал вниманието на полицијата поради своите отворени истапи против експлоатацијата на работниците. Јавно ги жигосувал спогодбите меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението (1919–1924), со кои македонското население од Егејска Македонија било искоренувано од својата земја.

🌍 Надвор од Македонија
Во 1928 година, поради закана од апсење и судење од воен суд, Трповски бил принуден да замине од Грција и емигрирал во Канада. Таму, покрај секојдневната работа, активно учествувал во синдикалниот и политичкиот живот, зачленет во Комунистичката партија на Канада и македонските емигрантски организации (МАНС).

За Патронот Лазо Трповски

Посебно се истакнувал во разобличувањето на ванчомихајловистичките елементи. Поради тоа бил следен и уапсен од канадските власти во 1932 година, со одлука за екстрадиција. Благодарение на интервенција на канадските комунисти, Трповски бил ослободен и заминал за Советскиот Сојуз 🇷🇺, каде во Москва учествувал во Високата партиска школа.

⛓️ Затвор и интернација
Во 1935 година бил вратен во Грција и повторно се вклучил во револуционерните активности. По апсењето во 1939 година, бил изложен на мачење и осуден на строг затвор и интернација во Акронавплија.

Учество во НОБ
По бегството од затворот во првите денови на окупацијата, Трповски бил испратен во Егејска Македонија како инструктор на КПГ за Македонија. Неуморно работел на обновување на партиските организации и се залагал партизанските одреди да настапуваат со македонски симболи 🇲🇰.

Во пролетта 1943 година формирал посебен македонски одред. На 11 Април 1943 година, кај селото Хејбели, Трповски и неговите соборци паднале во заседа и биле убиени.

🏅 Обележја
Во негова чест бил формиран партизански одред што го носел неговото име, а неговиот лик е овековечен и во народната песна „Песна за Лазо Трповски“. Денес, улици и основно училиште во Скопје го носат неговото име.

🎶 Песна за Лазо Трповски

Денес Трповски се проштава
со планина и долини.
Стани, Трповски, од гроба,
ај стани, стани, другар, ти!

Де остави твои другари,
по осои неприбрани.
Стани, Трповски, од гроба,
ај стани, стани, другар, ти!

Твојта снага не угасна,
твојто име порасна.
Стани, Трповски, од гроба,
ај стани, стани, другар, ти!

Лого ЛАзо Трповски 2025
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе