ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Ерик Антон постигна значајни успеси на повеќе интернационални натпревари 05 06 2026

Ерик Антон постигна значајни успеси на повеќе интернационални натпревари

Ерик Антон, ученик во 3 одделение и член на џудо клубот „Суперџудо“ од Скопје, под палката на тренерот Александар Димитријоски, во изминатиот период постигна значајни успеси на повеќе интернационални натпревари. 🥋🏆🥇✨

Ерик активно тренира џудо речиси 5 години, а со својата посветеност, дисциплина и труд покажа прекрасни борби и одлични резултати. 💪🧠🔋🥋

Во Март 2026 година го освои 3-тото место на Државното првенство, што претставува уште еден голем успех во неговата спортска кариера. 🗓️🥉🏆

На силниот меѓународен турнир „Владан Петровиќ“ во Белград, Република Србија, кој беше од балкански и европски ранг, учество зедоа 46 клубови од целиот Балкан, во исклучително силна конкуренција. Во неговата категорија настапија повеќе од 40 натпреварувачи, а Ерик оствари одличен пласман и достојно го претстави својот клуб и државата. 🇷🇸🇪🇺🥊🔥🇲🇰

Потоа настапи и на интернационалниот турнир „Цар Константин“ во Ниш, Република Србија, каде во многу бројна и тешка конкуренција од 25 натпреварувачи во неговата категорија го освои 5-тото место. 🥋🇷🇸📈🌟

На меѓународниот турнир во Бања Лука освои два медали во две различни категории, покажувајќи извонредна подготвеност, борбеност и спортски дух. 🏅🏅🇧🇦🥋💥

Овој викенд настапи и на интернационалниот турнир „Skopje Open“ во Скопје, каде го освои 3-тото место, уште еднаш потврдувајќи го својот квалитет и посветеност кон спортот. 🗓️🇲🇰🥉🥋🎉

Ова е само дел од неговите резултати во изминатите неколку месеци, а зад себе има многу успеси, медали и признанија и во изминатите години. 🥈🥇🥉📜✨

Со своите резултати достојно го претставува училиштето, клубот и нашата држава. 🏫🏢🇲🇰👏🌟