ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме

Пред крајот на учебната година, учениците од петто одделение беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме и посета на Кабинетот на Претседател Гордана Сиљановска – Давкова. 🇲🇰🏢🏛️✨

Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. 🎶🎺🥁👧👦

Потоа, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. 🚪👀🗺️✨

Највозбудливиот дел сепак беше директниот разговор со Претседателката. Разменувајќи прашања и одговори околу претседателската функција и професорската работа, учениците имаа можност да слушнат и неколку досетки и случки од детските и училишните денови на Претседателката. На крајот на учениците уште еднаш им беше напомнато дека знаењето е најголемо богатство и најсигурен сопатник во животот. 💬🧠💡📚🎒👏🌟

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.