Учиме, избираме, одлучуваме – одделенската заедница на дело!
Учениците од 2-А одделение се запознаа со значењето и улогата на одделенската заедница, нејзината организација и начинот на кој таа функционира. Преку разговор и практични активности, научија што значи да се биде дел од заедница, кои се улогите и одговорностите на претседателот и заменик-претседателот, како и кои критериуми треба да ги исполнуваат учениците што ќе ги преземат овие одговорности.
За да го применат наученото, учениците организираа и спроведоа свои „избори“, при што имаа можност непосредно да се запознаат со изборниот процес, кандидатите, критериумите за избор и донесувањето одлуки преку гласање.
По интересна и неизвесна изборна трка, за претседател на одделението беше избран Лука Милошевски, а за заменик-претседател Нина Бошковиќ. Изборите поминаа во вистински демократски дух, со многу возбуда, ентузијазам и мала доза изборна неизвесност.
Останатите тимови и тела во одделенската заедница учениците ќе ги формираат самостојно, во согласност со своите интереси и потреби.
Преку ваквите активности, учениците уште од најрана возраст развиваат чувство на одговорност, соработка, почитување на различните мислења и демократско учество, учејќи дека секој глас е важен, а секоја функција носи и одговорност.

















Поврзани содржини