Ден исполнет со насмевки, дружење и нови искуства!
Денес со нашите ученици од 1а одделение имавме едно прекрасно и поинакво доживување – посетивме тениско игралиште, каде што нè пречека една прекрасна домаќинка, мајката Кристина Поповска сопственичка на тениското игралиште и мајка на нашиот ученик Војдан, која со многу љубов, внимание и гостопримство ни ги отвори вратите на својот тениски свет. 🥰
Со голема посветеност, таа им ги приближи на децата тајните и вештините на тенисот, а потоа следуваше она што најмногу ги израдува – децата со радост ги зедоа рекетите, ги почувствуваа топчињата и уживаа во играта заедно со неа. 🎾😊
Нè почести и со прекрасно гостопримство, оставајќи ни спомени исполнети со топлина, радост и искрени детски насмевки. ❤️
Беше присутна и Лина Ѓорчевска тенисерка што играше на US Open најдобра тенисерка од клубот Евросет.
Благодарност од срце за убавиот прием, несебичното внимание и времето подарено на нашите дечиња! Ваквите моменти се многу повеќе од една посета – тие се лекции за дружење, доверба, спортски дух и човечка добрина.
Зашто, најубавите училишни денови се оние во кои учиме и надвор од училницата, со срце полно радост и спомени што долго ќе ги паметиме. 💕🌟
#УчењеНизДоживувања #ДетскиНасмевки #СпортИДругарство #БлагодарностОдСрце 🎾❤️

















Поврзани содржини