ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

На младите светот останува

Со особено задоволство и гордост го истакнуваме успешниот настап на нашето училиште на манифестацијата „Карпош има талент“, кој беше исполнет со талент, посветеност, емоции и љубов кон уметноста кои се вистинско богатство на нашата заедница. Нашето претставување беше збогатено со прекрасната уникатна модна ревија.

Еко модениот перформанс беше проследен со музика од Тамара Тодевска, со песната „Дива“, Учесничките покажаа како може да се соединат, на едно место креативноста и љубовта кон уметноста кои се вистинско богатство на нашето училиште може да се создаде нешто фасцинантно. Посебно признание заслужува ликовниот педагог и наставник по ликовно образование во нашето училиште Даниела Андонова, која со голема посветеност, креативност и ентузијазам ги подготви и координираше ученичките – манекенки, обединувајќи ги нивните способности во впечатлива и хармонична сценска изведба.

Ова не беа обични 16 фустани туку живописни бои кои ја отсликуваат младоста на младите инспирирани од природата на многу генерации. Пролетта не е годишно време туку будење на природата и ја отсликува новата енергија низ изминатите години на урбаните стилови на облекување на младите генерации. Фустаните беа изработени од разни видови хартија, салфети во повеќе техники како што се декупаж, сквирлинг ,оригами, балајаж, со разновидни апликации пропратни елементи.

Како моден додаток се прекрасните раскошни шешири и ташни во разновиди бои кои се составен елемент на секоја модна креација и се вклопуваат во секоја мода. Овој настап не беше само сценско претставување, туку резултат на заедничка посветеност, тимска работа, меѓусебна поддршка и верба во детските способности. Успехот е најголем тогаш кога зад него стојат луѓе кои несебично вложуваат време, знаење, енергија и љубов. Со заеднички сили покажавме дека нашето училиште има талентирани ученици, посветени наставници и родители кои се вистинска поддршка во создавањето убави и трајни спомени. Горди сме на нашата креативност и успесите што ги создаваме заедно! Искрена благодарност до сите ученички – учесници, кои со својот талент, дисциплина, одговорност и ентузијазам достојно го претставија нашето училиште.

Благодарност и до нивните родители за поддршката, довербата и соработката.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.