Од мало зрно до нов живот – учиме преку истражување!
Учениците од 2-А одделение, заедно со своите наставнички Мартина Трајковска и Надица Чапараткова, реализираа интересна и едукативна активност во рамките на темата „Растенија што цветаат“ 👩🏫👧👦🪴.
Преку два различни начини на засадување грав, учениците имаа можност непосредно да истражуваат и да учат за растењето и развојот на растенијата 🫘🌍.
Едниот начин беше традиционално засадување на гравчиња во саксии со земја, додека вториот беше мал експеримент со гравчиња поставени на навлажнет памук, преку кој ќе можат да го набљудуваат процесот на ‘ртење и појавата на првите коренчиња и стебленца 💧🪴🔬.
Со љубопитност, возбуда и многу детска радост, нашите мали истражувачи го започнаа своето патување во светот на растенијата. Сега следува најубавиот дел – секојдневно набљудување, грижа и следење на промените! ☀️🌱👀
Затоа што најдобро се учи кога знаењето се претвора во искуство, а едно мало зрно грав станува голема лекција за животот 💡🌱❤️.
Погледнете како изгледаше нашата активност во видеото во прилог! 📹🍿✨







Поврзани содржини