Општински натпревар по Англиски јазик 15.03.2025
На 15.03.2025 се одржа Општинскиот натпревар по Англиски јазик за учениците од основните училишта во организација на Асоцијацијата на наставници по Англиски јазик – ЕЛТАМ. Од нашето училиште ООУ „Лазо Трповски“ учествуваа пет ученици – натпреварувачи и ги постигнаа следните резултати:
Ирина Стојанова- 5то одделение – пофалница
Викторија Талеска – 6то одделение – прва награда
Ана Антовска – 7мо одделенеие – прва награда
Виктор Ниќифоровиќ – 8мо одделение – пофалница
Калина Алексоска – 9то одделение – втора награда
Ученичките Ана Антовска и Калина Алексоска освоија најмногу бодови од сите учесници од општина Карпош. Им честитаме и им држиме среќа за претстојниот регионален натпревар.
Предметни наставници: Тамара Алаџајкова и Татјана Бошковиќ
