Што значи да си добар другар?
Учениците од 2а одделение имаа работилница на тема: „Што значи да си добар другар?“ која имаше за цел да ги поттикне да размислуваат за важноста на другарството, да развијат емпатија и разбирање кон другите. Во првата активност сумиравме што значи да се биде добар другар и кои особини ги поседува тој, а во главната активност наречена: „Цвеќе на другарството“ сите напишаа кои карактеристики ги поседуваат нивните најдобри другарчиња, какви се и што прават. Работилницата беше реализирана од училишниот психолог Наталија Наумовска.
Што значи да си добар другар 27 03 2025 001
Што значи да си добар другар 27 03 2025 002
Што значи да си добар другар 27 03 2025 003