Учениците од 3а оддление имаа работилница на тема: „Позитивни емоции и другарство“ во која се запознаа со поимот емоција, дознаа која е разликата помеѓу емоција и чувство, научија начини на справување со негативните емоции, а во вториот дел самостојно правеа разлика помеѓу добро и лошо пријателство преку практични примери, споделуваа што значи за нив пријателството и накрај изработија нивни креативни изработки на темата. Работилницата ја спроведе училишниот психолог Наталија Наумовска.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.