1-во место на Државно Првенство по џудо
На ден 09.03.2025 год. Ерик Антон, ученик од 2а одделение освои 1-во место на Државното Првенство по џудо во организација на Џудо Федерацијата на Северна Македонија.
Ерик е член на џудо клубот „Супер џудо“ од Скопје каде што активно тренира 3,5 години под водство на тренерот Александар Димитријоски. Неговата голема љубов кон џудото, дисциплината, редовните тренинзи, спортскиот дух како и поддршката од неговото семејство, училиште и тренери го водат кон низа на успеси меѓу кои:
– 25.11.2023 год. на Интернационалниот џудо турнир „Миоки опен“ каде што освои 2 место
– 10.03.2024 год. на Државно џудо првенство при Џудо Федерација на Северна Македонија освои 3 место
– 09.06.2024 год. на Меѓународен натпревар „Струга опен“ освои 2 место.
Истава оваа посветеност и љубов кон џудото го донесоа до остварување на неговата желба да стане Државен првак во џудо.