Посета на Планетариум – МКЦ Скопје
Учениците од IIa, IIб, IIв, IIIа и IIIб при ООУ ,,Лазо Трповски”, Скопје, заедно со одделенските наставници и образовните асистенти, реализираа посета на Планетариум кој е во склоп на Македонски културен центар, место каде може да се види чисто ноќно небо и да се научи повеќе за ѕвездите, планетите и вселената.
Учениците имаа можност да научат повеќе за ѕвездите, планетите и целата галаксија, но и да видат како изгледа чисто ноќно небо без светлосно загадување. Тука во овој Планетариум најголем акцент е ставен на ѕвездите кои ја поттикнуваат љубопитноста кај младите со цел тие да продолжат да истражуваат.