ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Lazo osnovna 350

Регионален натпревар по англиски јазик

На 17.04. 2021г се одржа Регионалниот натпревар по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ (Асоцијација на наставници по англиски јазик во Северна Македонија) за учениците од основните училишта. И овој пат натпреварот се одржа онлајн преку платформата ZOOM.

Нашето училиште се закити со три први места, а заслугата ја понесоа учениците: Катерина Моцан (шесто одделение), Филип Јовановски (седмо одделение) и Никола Чурлинов (осмо одделение). Учениците заедно со нивните ментори неуморно работат и се подготвуваат за претстонјиот државен натпревар. Им посакуваме среќа!

Предметни наставници: Татјана Бошковиќ и Тамара Алаџајкова

 

logo Lazo Trpovski 2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе