Два меѓународни турнири во џиу џицу
На два последователни меѓународни турнири во џиу џицу, од кои едниот одржан во Бања Лука на 18.04.2026 година и другиот одржан во Лозница на 09.05.2026 година, нашиот ученик Дамјан Белевски од 2а одделение освои повеќе медали и постигна одличен успех. 🥋🥇🥈
Во Бања Лука, на турнирот Бања Лука Опен 2026 во две категории У-8, се закити со златен и сребрен медал со само една изгубена борба од вкупно 7, додека во Лозница на турнирот Лозница Опен 2026, во две категории У-8, во голема конкуренција со 17 учесници освои златен и бронзен медал со една изгубена борба од вкупно 6. 🏆🥉✨
Покрај медалите, на турнирот Лозница Опен 2026 беше прогласен и за најдобар млад натпреварувач во негова категорија, што придонесува за уште поголема мотивација и градење на основа за идни поголеми успеси. 🌟👏📈
Горди сме на нашите млади спортисти и на нивните достигнувања. 🎖️🙌🔥







Поврзани содржини