ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Брајан Авиа најуспешен пионерски атлетичар

Брајан Авиа најуспешен пионерски атлетичар во РС Македонија за 2021 година

Брајан повторно блесна, прогласен е за најуспешен атлетичар на Република Северна Македонија за 2021 год. во пионерска конкуренција.

Во хотелот Истатов во Дојран, Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните и најдобрите атлетичари за ова 2021 година во младинските и сениорски категории во машка и женска конкуренција. Како што кажа претседателката на федерацијата Александра Војнеска Зикова ова година е една од најуспешните бидејки соборени се повеќе национални рекорди, а освоени се и медали на повеќе меѓународни натпреварувања.

Во пионерска конкуренција меѓу најуспешни кои беа прогласени е и нашиот Брајан Авиа, ученик од 9а одд при ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје.

Честитки Брајан.

 

Logo lazo trpovski 2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе