ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Среќен почеток и успешна училишна година 2024

Среќен почеток и успешна училишна година

Драги првачиња, денес смe овде за вас. Ве поздравувамe, ви посакуваме добредојде во училиштето кое од денес ги отвара вратите за вас како ваш втор дом. Во училиштето секојдневно ќе поминувате време со вашите другарчиња и наставници кои ќе ве воведуваат во светот на знаењето. Ви посакувамe со радост да доаѓате, да се дружите и секојдневно со нови знаења да се збогатувате. За вас кои денес за прв пат како ученици го пречекорувате училишниот праг, Општината подготви бесплатен училишен прибор.
Среќен почеток на нашите првачиња! Првиот училишен ден осамна со весела раздвиженост, подавање раце за некои поранешни, а за некои многу нови другарства. Среќна и успешна учебна година. Споделуваме дел од забавата во нашето училиште по повод првиот училишен ден.

logo Lazo Trpovski 2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе