ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

rabotilnica 30 04 2025

Сите сме различни, но сите сме пријатели

Учениците од 7 одделение имаа работилница на тема: „Сите сме различни, но сите сме пријатели“ каде што преку низа активности имаа можност да се стават во туѓи чевли и да согледаат колку всушност се различни, но сепак исти. На креативната активност: „Дрво на различноста“ на гранките “закачуваа“ листови со запишани особини што ги прават посебни и особина што ја ценат кај другите пркеу која согледаа колку се разликуваат меѓу себе, а сепак тоа не создава бариера во нивното пријателство. Цели на работилницата беа: учениците да препознаат и прифатат разлики кај другите (етнички, културни, физички, интереси, способности), да се поттикне емпатија, соработка и позитивна комуникација, да се развие почитување и вреднување на секој поединец во групата и да се охрабри активно дружење со сите, без исклучување. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска.

rabotilnica 30 04 2025 01 rabotilnica 30 04 2025 02