ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Повеќе зелени површини за поквалитетно урбано живеење во Карпош

Во ООУ „Лазо Трповски“, во рамки на Европската климатска иницијатива (EUKI), се реализираше локалната акција „Green Spaces, Safe Places – Зелени површини, безбедни места“, чија цел е подигнување на свеста за значењето на урбаното зеленило и квалитетните јавни простори.
🌿 Во рамки на акцијата беше реализирана едукативна и практична активност со ученици од второ и трето одделение. „Центарот за климатски промени“ обезбеди саксии, растенија и потребните материјали, а учениците ги боеја и украсуваа саксиите, по што заеднички ги засадија растенијата.
🎨 Преку ваквите активности, учениците на креативен и практичен начин се запознаваат со значењето на зеленилото, грижата за животната средина и одговорниот однос кон просторот во кој учат и живеат.
🌳 Како дополнителен придонес кон унапредувањето на урбаното зеленило, „Центарот за климатски промени“ донираше три садници на Општина Карпош, наменети за засадување на соодветна јавна површина.
💚 Заедно создаваме позелена, поздрава и поквалитетна средина за живеење.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.