ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Меѓународен ден на лицата со аутизам

Со искрени пораки од детското срце одбележан Меѓународниот ден на лицата со аутизам
Со грст блескави разнобојни светилки кои треперат и ги разлеваат пораките за еднаквост,љубов и безгранично сакање како мотив за среќа и секојдневна училишна радост ,денеска беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Дечињата од нашето училиште заедно со наставниците и образовните асистенти реализираа прекрасна креативна инклузивна работилница со силна порака за подигнување на свеста за аутизмот. Моќта и симболиката на овој ден најавтентично ја опиша еден ученик во својата порака: ,,Аутизмот не е збор за плашење, туку детенце за сакање”.
⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.