ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

savo kostadinovski 11 09 2025

Литературно читање на писателот Саво Костадиновски

Афирмираниот писател Саво Костадиновски, кој повеќе од педесет години живее и твори во Германија на германски и македонски јазик и има објавено 185 книги, на 10. Септември годинава за време на краткиот и планиран престој во Македонија одржа литературно читање по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, пред учениците од 4а одделение во ООУ „Лазо Трповски“.

Во оваа пригода Костадиновски ги поздрави учениците и одржа литературно читање на кое им се претстави себеси и на сите им подари свои авторски изданија за деца и млади.

Имено, во учебникот по македонски јазик е поместена една негова песна „Песна за татковината“. Токму обработувањето на часот по македонски јазик на оваа негова песна беше повод Саво Костадиновски да им биде гостин на четвртоодделенците.

Саво Костадиновски е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на Германија. Добитник е на многубројни домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои во 2018 година и на „Почесно признание“ на Сојузот на германските писатели по повод 25 години творештво на германски јазик.

Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик

logo Lazo Trpovski 2026
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе