Детска недела 2026
Како и секоја учебна година, така и оваа, во нашето училиште се одбележа „Детската недела“ со низа активности посветени на децата и нивните права, кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на децата при ООН.
Сите паралелки од одделенска настава реализираа низа активности и работилници посветени на правата на децата и под мотото “Да ги гушнеме децата, да ги слушнеме децата“. Првачињата се запознаа со своите права, но и должности. Учествуваа во неколку работилници,а исто така имаа можност преку игра и песна да се запознаат и дружат и со поголемите дечиња од нашто училиште.
Како круна на сите активности во текот на целата седмица, беше и положувањето на свечена заклетва за прием во „Детската организација“. Директорот на нашето училиште на сите првачиња им посака топло добредојде во Детската организација и истакна дека децата се нашето најголемо богатство, тие се нашата иднина и дека треба да веруваме во нив!














Поврзани содржини