Признанија на најдобрите просветни работници 2025/2026
Вечерва Скопје пулсираше во знакот на знаењето, мудроста и благородноста. На свечената манифестација „Просветен работник на годината на Град Скопје“ за учебната 2025/2026 год. во соработка и поддршка на Град Скопје и Градоначалникот Г-дин. Орце Ѓорѓиевски беа доделени Признанија на најдобрите просветни работници кои со својот труд и посветеност покажаа високи резултати во својата воспитно-образовна работа.
За просветен работник на годината од редот предметна настава во основните училишта беше прогласена професор Даниела Радевска професор по Биологија и Хемија од основното училиште ООУ „Лазо Трповски“ Скопје Карпош.
За мене оваа награда има големо значење, затоа што сум номинирана од моите колеги кои ја препознаа мојата несебична вложеност во едукацијата на најмладите, на нашите ученици. Со оваа награда особено се гордее и моето семејство, кое ме поддржуваше и сѐ уште секојдневно ме поддржува. Во изминативе 20 години се радувам на секој успех на моите ученици и ги поттикнувам секој следен ден да бидат подобри.
И понатаму ќе продолжам да ги поттикнувам во нивните напори да станат вистински луѓе, успешни и хумани, бидејќи само едуцирана и културна младина може да го движи општеството напред.













Поврзани содржини