Отворање сензорна соба
Со особена гордост, Фондација д-р Верица Механџиска донираше и отвори сензорна соба во ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, создавајќи нов простор за поддршка и развој на децата. 💙✨
Сензорната соба е многу повеќе од обична просторија – таа е безбедно катче каде што децата со нарушувања од спектарот на аутизам можат да се релаксираат, да ги намалат сензорните дразби, но и слободно да учат и да истражуваат. Преку внимателно избрани сензорни елементи, овој простор овозможува активности што директно придонесуваат за развој на вниманието, координацијата, емоционалната регулација и самостојноста на децата.
Особено ни е драго што оваа иницијатива ја реализиравме во соработка со училиштето, водени од заедничката визија за поинклузивна образовна средина во која секое дете е прифатено, поддржано и има можност да го достигне својот целосен потенцијал.
Им благодариме на градоначалникот на Општина Карпош г. Сотир Лукровски, на директорката на училиштето и на сите кои ја поддржаа оваа иницијатива. Веруваме дека вистинските промени започнуваат кога заедно се застапуваме за еднакви права на сите деца.















Поврзани содржини