Стефан Симовски добитник на награда во Бангладеш
На Интернационалниот поетски фестивал „Мостови меѓу Македонија и Бангладеш“ кој се одржа во октомври годинава, Стефан Симовски ја освои главната и највисока по ранг награда на оваа меѓународна манифестација „Престижната награда“.
На оваа несекојдневна интерконтинентална меѓународна манифестација, која првпат се одржа годинава, во конкуренција за награди учествуваа 162 поети и поетеси.
Интернационалното стручно жири на манифестацијата составено од поети и поетеси од Македонија и Бангладеш, а чиј претседател беше кандидатот за Нобелова награда за литература од оваа азиска земја, поетесата д-р Танија Рахман Тони, одлучи токму главната „Престижната награда“ да му ја додели на Стефан Симовски, кој во ООУ „Лазо Трповски“ работи како предметен наставник по германски јазик, за песната „Осаменост“.
Стефан Симовски е добитник и на други меѓународни награди, меѓу кои и на наградата за најдобар превод на годината „Златно перо“, како и на меѓународните награди за поезија „Вилијам Шекспир“ и награди на меѓународните поетски манифестации „Свет од зборови“ и „11. Охридски бисер на поезијата 2026“, а е и редактор на сите три тома на Фразеолошкиот речник на македонскиот јазик.









Поврзани содржини