Посета на Саемот на книгата 2026 година
На 24.4.2026 г., учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, организирано ја посетија манифестацијата Саем на книгата 2026 година.
Овогодинешниот Саем на книгаташто се одржува во Aрената „Борис Трајковски“ во Скопје, под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“, со својата богатата понуда од домашни и од странски автори, промоции на нови книги,разновидни работилници, средби со автори, дискусии и панели, како и попусти и понуди за сите генерации, ги привлече учениците од нашето училиште како место каде што тие, младите читатели, ќе имаат можност да се сретнат со своите омилени автори, да ја надополнат својата библиотека со нови изданија и да уживаат во новите книжевни светови.
Како примарна цел,Саемот ја слави книгата, ја поттикнува љубовта кон литературата и дава поттик за читање, прикажувајќи ја книгата како вечен извор на мудроста.Саемот, освен како културна манифестација, е одлична можност за дружење со пишаниот збор. Оваа година Саемот, со својата хуманитарна димензија, уште повеќе ги привлече учениците кои, со секоја купена влезница, донираат средства наменети за СОС детското село.
