Стефан Симовски добитник на наградата „Вилијам Шекспир“
На Меѓународната литературна манифестација „Вилијам Шекспир“, која традиционално се одржува во месецот кога познатиот англиски средновековен писател бил роден и починал, Стефан Симовски ја освои Првата награда.
На оваа традиционална меѓународна манифестација установена во чест на Шекспир учествуваат автори од целиот свет на возраст од 18 до 88 години со свои необјавени љубовни песни.
Стручното жири на манифестацијата составено од поети одлучи Првата награда да му ја додели на Стефан Симовски, кој во ООУ „Лазо Трповски“ работи како предметен наставник по германски јазик, за песната „Љубовна приказна без крај“ во која тој ја опева љубовната врска со својата сопруга.
Стефан Симовски е добитник и на други значајни меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на престижната награда „Златно перо“, а е и редактор на сите три тома на Фразеолошкиот речник на македонскиот јазик.


