Одбојкарски турнир
🏐🏆 Во организација на Општина Кисела Вода се одржа традиционалниот турнир „Св. Ѓорѓи“ во одбојка, фудбал и кошарка, на кој настапија репрезентации составени од најдобрите спортисти од основните училишта од повеќе скопски општини. ⚽🏀
На одбојкарскиот турнир учество зедоа ученичките од Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Аеродром. 🏐✨
🥇 Екипата на Општина Карпош со одлични настапи го освои првото место, откако во полуфиналето ја совлада екипата на Општина Центар, а во финалето беше подобра од домаќинот, екипата на Општина Кисела Вода. 👏🔥
🏐 Претставнички од нашето училиште беа одбојкарките Нина Црнокрак и Ведрана Митровска, а тимот го предводеше наставникот Благоја Ставревски. 👏🎉
