Меѓународен пливачки турнир Сандански куп 2026
На престижниот меѓународен пливачки турнир Сандански куп 2026 🏊♀️🏆 во Бугарија 🇧🇬, нашата ученичка од 2б Софи Божиновска, член на ПК Вардар 2018, оствари извонреден успех ✨ освојувајќи две златни медали 🥇🥇 во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри пеперутка, како и еден сребрен медал 🥈 во дисциплината 50 метри грбно.
Покрај подобрувањето на своите лични најдобри времиња ⏱️, беше прогласена и за најуспешна пливачка 🏅 во нејзината возрасна категорија на целиот турнир Сандански Куп 2026.
Ваквите настапи и успеси 💪 секако се дополнителен мотив за уште поголеми достигнувања и резултати 📈 на нашата Софи, која прераснува во млада надеж 🌟 на македонското пливање 🇲🇰.
