Како кучето и детето да бидат весели и безбедни пријатели
Здружение на граѓани, За подобар Свет – Скопје – со мисија, да ги едуцира, нашите најмлади сограѓани на една многу важна тема, а тоа е како кучето и детето да бидат весели и безбедни пријатели, подготви проект во форма едукативна работилница која се одржа со учениците од 2а и 2б одд.од нашето училиште.
Што слушнаа и научија нашите ученици:
Зошто и од кога кучето и човекот живеат заедно и кои се заедничките придобивки.
Кучето има свои потреби и права како член на семејството;
Кучето сака нешто да ни каже;
Пристап и однесување со кучиња скитници и да препознаеме болно куче.
Ученици што имаат кучиња споделуваат искуства и какво е нивното секојдневие живеејќи со куче…
Кучето, неговите карактеристики и потреби
Со помош на сопственикот и неговото куче демонстрираа практични работи за безбедно пристапување на куче со сопственик и комуникација со него.
Секој ученик доби информативен флаер за тоа што научило и тоа да го пренесе на своите родители…
