Награда за најкреативен штанд
Од 8 до 11 ноември во Бар се одржа меѓународна конференција на наставници на тема „Вештачка интелигенција во образованието“, во организација на Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот. На конференцијата учествуваше наставник ментор Милица Патраклиева од ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје.
Преку интерактивни работилници, панел-дискусии и размена на добри практики, учесниците ги отворија клучните прашања за развојот и унапредувањето на современото образование.
Како дел од македонскиот тим „МК иноватори инспирираат“, нашиот штанд го претстави училиштето со креативни наставни практики, вклучувајќи постери изработени од учениците: Каја Трпковски, Васил Витанов и Максим Станоев, подготвени со различни дигитални алатки.
Освоивме „Награда за најкреативен штанд“ и сме горди што го претставивме нашето училиште и иновативниот дух што го негуваме.
