55 години Златно славејче
На ден 24.11.2025 понеделник, учениците од 5а и 5б одделение при ООУ,, Лазо Трповски’’, заедно со нивните одделенски наставнички Јагода и Надица го посетија детскиот фестивал ,,Златно славејче“, кој славеше 55 години од неговото постоење. Сите ученици беа пресреќни кои едвај чекаа да дојде настапот на нивната другарка Илина Ефремов и едногласно заедно со детското хорче на Златно славејче ја пееа песничката. По завршувањето на детскиот фестивал учениците беа пријатно изненадени, секој ученик доби симболичен подарок од страна на организаторите на фестивалот.
