Ноември – месец на науката 2025
Успех на учениците од ООУ „Лазо Трповски“ на манифестацијата „Ноември – месец на науката 2025“!
Со гордост објавуваме дека учениците од 5-то одделение постигнаа одлични резултати на овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката 2025“, организирана од СХТМ, ПМФ и стручните научни друштва.
Нашите млади истражувачи, под менторство на наставник-ментор Милица Патраклиева, се истакнаа со својата креативност и љубов кон науката, и освоија две награди во категоријата природни науки:
Втора награда: Галена Радоњанин (5-а одд)
,,Боите на виножитото”.
Трета награда: Филип Димитриевски и Андреј Ѓорѓевски (5-а одд)
,,Природен филтер за вода”.
Им честитаме на сите ученици за трудот, посветеноста и одличните проекти. Благодарност до наставникот-ментор за поддршката и водството.
Браво за сите ученици од „Лазо Трповски“!
