Општински натпревари по географија – 2025
На 22.02.2025 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение, во организација на Здружение на професори по географија на Македонија ,,Проф. д-р Љубе Миленковски”.
На регионален натпревар право на учество имаа сите ученици кои освоија прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои освоија 85 и над 85 бода на натпреварите.
На општинскиот натпревар земаа учество седум ученици од ООУ ,,Лазо Трповски”, под менторство на професорката по географија – ментор д-р Милица Патраклиева. Честитки за пет ученици кои си обезбедија право на учество на регионалниот натпревар со постигнати високи резултати: Прво место Павел Минчов (100 бода, 8 мо одд.), трето место освоија Каја Трпкоски( 95 бода, 8-мо одд.), Анѓела Станојевиќ( 87 бода, 9-то одд.), Калина Алексоска (87 бода, 9-то одд) и Максим Станоев ( 90 бода, 7 мо одд).
Камелија Спасовска (65 бода, 9-то одд.) и Ведрана Митковска( 70 бода, 7 одд.).
Многу среќа и успех на регионалниот натпревар.