Одбележување на 81 година од загинувањето на Кузман Јосифоски – Питу
На 25.2.2025 г. се одбележаа 110 години од раѓањето и 81 година од смртта на Кузман Јосифовски-Питу. По тој повод, во организација на Сојузот на борците – Карпош, се одржа пригодна свеченост пред споменикот подигнат во негова чест и се положи свежо цвеќе. На свеченоста беа поканети ученици од нашето училиште. Младите литерати, шестооделенците Калин Ѓуровски, Софија Јованоска и Викторија Талеска, по тој повод се претставија со лични поетски творби, додека учениците од осмо одделение, Славица Јованоска, Ангела Костандиновска, Матеј Атанасовски и Давид Ночевски ја рецитираа песната „Цветови“ од Славко Јаневски, во придружба на гитарата на Филип Ѓорѓиев. Во организацијата на настанот беше вклучена наставничката по Историја, Елена Јовановиќ, а учениците се подготвуваа под менторство на наставничките по Македонски јазик, Љупка Чешмеџиевска и Анамарија Николовска.