Литературен конкурс – Библиотека „Другарче“
По повод претстојниот празник 8 Декември, денот на Св. Климент Охридски, библиотеката „Другарче“, како дел од ЈУ ГБ „Браќа Миладиновци“ – Скопје, по 17-ти пат организираше традиционален литературен конкурс на тема „Роботот што сакаше да оди на училиште“.
Учениците од основните училишта во Општина Карпош беа поканети да учествуваат со свои поетски и прозни творби. Нашите ученици одбраа да се претстават со прозни остварувања и, притоа, ученичките Викторија Талеска од 7а одд., под менторство на наставничката Љупка Чешмеџиевска и Дариа Алексовска од 9б одд., под менторство на наставничката Елена Тодоровска, освоија две втори награди.
Ви ги претставуваме остварувањата на сите учесници на конкурсот, бидејќи навистина се вредни за вашето внимание. Полетајте со нив на крилјата на фантазијата!
