Четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ со признанија од Њујорк, САД
Десет четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ Магдалена Ќурчинска, Андреа Славковска, Ирис Граоркоска, Петрит Адеми, Нора Муфтарова, Јован Симовски, Антонио Ѓорѓевиќ, Давор Гавриловски, Филипе Георг Вучков, Ана Тренчовска, Дарија Димоски, Лина Јаневска, Лукас Трајковски и Мила Синадинова, предводени од одделенската наставничка Ирена Грегориќ и предметниот наставник Стефан Симовски со свои ликовни творби учествуваа на 28. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2025“ во Васек, Њујорк, САД.
Годинава со свои ликовни творби на овој меѓународен натпревар учествуваа повеќе од 4000 деца од 100 земји.
Темата на годинашниот ликовен натпревар кој традиционално се одржува во Њујорк беше “Слобода“. ООУ „Лазо Трповски“ петти пат едноподруго учествува на овој реномиран натпревар.
Целта на овој глобален проект кој изминативе 28 години се реализира под покровителство на УНИЦЕФ, а по повод Светскиот ден на детето 20. ноември е поттикнување на свеста кај децата ширум светот (на возраст од 5 до 16 години) за креативно изразување. Оваа меѓународна програма има за цел да ги поттикне децата преку креативни активности да бидат посветени кон промовирање на мирот и создавање иднина во која ќе владеат хармонија и меѓусебно разбирање.
Ликовните творби и на учесниците ООУ „Лазо Трповски“ ќе бидат изложени на светската изложба која е планирано следната година да се одржи во САД и Канада за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал.
Стефан Симовски
