Литературен конкурс на тема „Една радосна вест“
По повод 24 Мај, денот на Св. Кирил и Методиј, Библиотеката „Другарче“, како дел од ЈУ ГБ „Браќа Миладиновци“ од Скопје, по 14-ти пат организираше традиционален литературен конкурс, на тема: „Една радосна вест“.
На конкурсот зедоа учество и ученички од нашето училиште, ООУ „Лазо Трповски“. Тие беа дел од наградените учесници, и тоа: Михаела Костовска освои трето место во категоријата поезија, а Јована Батиниќ освои второ место во категоријата проза, двете ученички од 7а одд., под менторство на предметната наставничка по Македонски јазик, Елена Тодоровска.
Софија Јованоска и Викторија Талеска, ученички од 6а одд., го освоија третото место во категоријата поезија, под менторство на предметната наставничка по Македонски јазик, Љупка Чешмеџиевска.
Според замислата на организаторот, се одржа литературно читање на поетските творби, а потоа на наградените учесници и на нивните ментори им беа доделени дипломи.
