20 Мај – Денот на македонските пожарникари
Учениците од II-В одделение имаа едно поинакво и возбудливо учење – предавање од страна на родителот Дејан Ковиловски на тема заштита од пожар и причините за негова појава. Ова едукативно случување беше организирано по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, со цел учениците од најрана возраст да се запознаат со важноста на пожарникарската професија и со основните правила за безбедност.
Дејан Ковиловски, им одржа интерактивна презентација на децата, преку која дознаа кои се најчестите причини за пожар, како да се заштитат во случај на опасност, и зошто е важно да се остане смирен и да се реагира правилно.
Особено внимание кај учениците предизвика најавата за практична демонстрација на употреба на противпожарен апарат, што им овозможи одблиску да се запознаат со опремата која спасува животи.
На крајот од предавањето, како знак на благодарност и охрабрување, секој ученик си доби симболичен подарок, кој ќе биде потсетник на денот кога учењето беше возбудливо, корисно и инспиративно.
Ова предавање е уште една потврда дека соработка помеѓу училиштето и родителите создава незаменливо искуство за децата.
Голема благодарност до родителот Дејан Ковиловски за несебичниот ангажман и за тоа што на најмладите им го доближи светот на пожарникарите – хероите во вистинска смисла на зборот.
