Концерт за учениците во соработка со „Нула-отпад“
Концерт на Мандолинскиот оркетстар под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри се одржа вчера во просториите на училиштето ООУ „Лазо Трповски“. Учениците покрај што беа слушатели, активно се вклучија во програмата со рецитирање песнички и изведување кореографија на песна, имаа кратко дефиле со изработки на тема – рециклирање, ги презентираа нивните креативни изработки од батерии и се запознаа со новите музички инструменти кои имаа можност да ги слушнат. Настанот беше организиран во соработка со „Нула-отпад“ – друштво за управување со отпад. Учениците беа среќни што имаа можност да слушнат убава музика во живо, а концертот кој ќе им остане во сеќавање им остави прекрасен впечаток.