Едукативна ЕКО-работилница НУЛА ОТПАД
Во понеделникот на 10.02.2025 година во ООУ „Лазо Трповски“ учениците од 2 до 4 одделение присуствуваа на едукативни работилници одржани од Билјана Костадинова – едукатор и одговорна за маркетинг во „Нула Отпад“ – друштво коешто се занимава со управување со отпад. Учениците се запознаа со повеќе термини поврзани со отпадот, рециклирање и грижата за природата и преку заедничка интеракција со едукаторот одговараа на прашања, покажаа колкави знаења имаат на тема екологија, презентираа изработки од батерии, а прочитаа и песничка посветена на батериите. Исполнети со убаво доживување се радуваат на претстојниот настан со кој ќе се заокружи оваа дружба.
