ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Против насилство со јога

Проектот „Против насилство – под исто небо“, предводен од неформална група граѓани и невладината Младински Центар за Еднакви Можности, грантист на програмата Цивика мобилитас, на 18.09.2017г. ја одржа својата активност насловена „Против насилство со јога“. Активноста ги вклучи учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош и учениците од ООУ „Лириа“ и се одржа во Градскиот парк на кејот на реката Вардар. Целта на оваа активност беше истакнување на важноста на јогата и медитацијата во постигнување на смирувачки баланс во насока за анулирање на насилен ефект преку предавање, вежбање и меѓусебно дружење на учениците. Вториот дел од активноста беше наменет на поединечно снимање и фотографирање на учениците за потребите на филмот „Под исто небо“, нивно претставување, размислувања, впечатоци и заклучоци дека работилниците придонесуваат за развој на толеранцијата преку креативни активности меѓу учениците од различни етникуми и се гради духот на мултикултурализам. Филмот е во режија на Јане Алтипармаков, камера Лени вон Гелева и монтажа Михаил Димитров.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.