ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Јован Симовски освои награда на Поетскиот фестивал за деца и млади „Вилијам Шекспир“

Јован Симовски, ученик во 5а одделение во ООУ „Лазо Трповски“, ја освои втората награда во својата возрасна категорија на Поетскиот фестивал за деца и млади „Вилијам Шекспир 2026“.
Овој литературен натпревар за деца и млади (на возраст од 8 до 18 години) традиционално се одржува секоја година, а љубовта е темата на која творат учениците. Младите поети согласно пропозициите своите стихувани лични творби мораат да ги напишат на македонски јазик и не смеат да имаат повеќе од 24 стиха.
Јован, покрај оваа награда, минатата учебна година освои прва награда на Меѓународниот литературен фестивал за деца и млади „Свет од зборови 2026“ и на Интернационалниот поетски фестивал за деца и млади „Пролет 2026“.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.