ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Доделени стипендии за талентирани ученици и спортисти за учебната 2026/2027 година

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска на свечен настан ги додели стипендиите за талентирани ученици и талентирани спортисти за учебната 2026/2027 година.
На свечениот настан присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, советници, директорки на основнитe училишта, наставници, како и родители и други присутни гости.
🎓 За талентирани ученици се доделени вкупно 57 стипендии, и тоа:
• 33 стипендии од прва категорија, со месечен износ од 3.500 денари меѓу кои и нашите ученици:
Михаил Ангелов 8 одд
Викторија Талеска 8 одд
Ата Аго 8 одд
Максим Станоев 9 одд
• 24 стипендии од втора категорија, со месечен износ од 3.000 денари меѓу кои и нашите ученици:
Калин Ѓуровски 8 одд
Васил Витанов 9 одд
Јаков Руфчески 9 одд
Стипендиите ќе се исплаќаат во период од осум месеци, во текот на учебната 2026/2027 година.
Обраќајќи им се на добитниците, градоначалникот Сотир Лукровски им честиташе за постигнатите резултати и истакна дека поддршката на младите таленти е значаен дел од политиките на Општина Карпош.
❤️ Општина Карпош продолжува да вложува во младите и да обезбедува поддршка за развој на нивните знаења, вештини и спортски потенцијали.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.