Државен натпревар по математика за основно образование
На 18 Април 2026 година се одржа Државниот натпревар по математика за основно образование, на кој нашите ученици постигнаа одлични резултати и уште еднаш ја покажаа својата посветеност, знаење, интерес и љубов кон математиката. Учениците вложија голем труд во подготовките, а нивните резултати се доказ за квалитетната работа. Со задоволство ги споделуваме нивните резултати:
под менторство на наставник Силвана Јордановска Димовска:
6 одделение
Миташевска Искра I награда
Котески Максим II награда
Каламадевски Мартин Пофалница
7 одделение
Ангелов Михаил II награда
под менторство на наставник: Весна Тодоровиќ:
8 одделение
Руфчески Јаков III награда
Блажева Јана Пофалница
Им посакуваме многу успех во понатамошните натпревари.
