Вашиот прилог – значајна помош
Учениците од ООУ,, Лазо Трповски од 1 до 9 одд со одговорниот наставник Даниела Радевска во соработка Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 20 до 24 Април ја одбележува календарската активност „Недела на солидарност“ под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“.
Од оваа акција учениците од 1 до 9 одд и наставниците собраа 13 865 денари.
По завршувањето на акцијата, на 24 Април Црвениот крст Карпош ќе направи набавка на прехрамбени производи, нивно пакување во хуманитарни пакети и дистрибуирање.
Ве информираме дека 1 пакет кој го подготвува Црвениот крст Карпош чини околу 1000 денари, а од друга страна Црвениот крст Карпош во својата база има евидентирано повеќе од 140 семејства.
За сите прашања и потребни дополнителни информации обратете се на телефонскиот број: 078/251-493 или на емаил адресата: nedelkovski@redcross.org.mk.
Ви благодариме на соработката.


