Предновогодишен базар 2025 г.
Денес, 23.12.2025 г., во нашето училиште се одржа предновогодишниот базар. Настанот поттикна голем број активности околу подготвувањето и изложувањето на новогодишните производи, изработени со многу љубов од вредните раце на нашите ученици.
Овие активности го поттикнаа креативниот дух и заедничката соработка меѓу учениците, а тоа се одрази во создавањето весела атмосфера, празнично расположение и позитивно искуство, особено за најмалите, а енергијата им измами безброј топли насмевки и задоволни лица и придонесе во магичното празнично чувство.
Своите креативни изработки учениците ги изложија во холот на училиштето, каде посетителите можеа да ги видат, но и да вкусат од примамливите ароми и да одберат нешто од богатата понуда.
